Конкурс за Млади поети и за изложбата Young art 2015

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги објави конкурсите за Млади поети и за изложбата Young art 2015 на кој ги повикува сите млади да поднесат свои авторски творби.

Како што информираат од Агенцијата, младите треба да се на возраст од 15 до 29 години, да немаат објавено збирки на поезија и да достават најмногу две поетски творби, а за изложбата делата да се со димензии не поголеми од 200х200 см во сликарство, 200х200х200 см во скулптура, 100х70 см графика, 100х70 см за фотографија и плакат за дисциплината графички дизајн.

Делата за изложбата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативен ракопис.

На конкурсот за млади поети ќе бидат доделени три награди за најдобра творба. За прва награда се предвидени 15.000 денари, за втора 10.000 денари, и за трета награда 5.000 денари, за изложбата ќе бидат доделени по 40.000 денари за најдобрите во петте дисциплини. Изложбата ќе биде поставена во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица

Пристигнатите дела на младите поети ќе бидат оценувани од страна на комисија составена од членови на Друштвото на писатели на Македонија. Секој автор ќе биде застапен во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2015 година.

Кандидатите и за двата конкурса своите дела треба да ги достават во затворен плик, односно  за изложбата соодветно опремено без да се гледа неговата сигнатура, на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик за поетите треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „творби”, во кој ќе се наоѓаат творбите потпишани со шифра, а во другиот теба да се наоѓа документација за идентификацијата на испраќачот како и шифрата. Во вториот затворен плик за изложбата треба да има податоци за испраќачот и адресата на која делото ќе биде уредно вратено.

Пликовите треба да се достават на адресата на Агенција за млади и спорт, Сектор млади, улица „Френклин Рузвелт“ бр.34, 1000 Скопје, со назнака „за Конкурсот Млади поети “ или лично, во архивата на Агенцијата. Рокот за доставување на делата е 9 октомври 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска