Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Од:

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер ќе биде промовиран „Полиглот“ – најновиот роман на Игор Станојоски.

Книгата, низ разговор со авторот, ќе ја претстави книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

„Полиглот“ (издание на „Муза“) е возбудливо четиво со многу заплети и непредвидливи ситуации. Дејствието започнува во пролетта 2012 година на една меѓунардна конференција во Скопје, но по една неочекувана средба или мигновено сеќавање, главниот лик во мислите треба да се врати во Лавов и да ја реши мистериозната епизода од неговата посета на Карпатите во 2004 година. Претходниот роман на Станојоски, „Диссомнии“ беше книга на месец ноември, дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“, што Библиотеката ја започна во септември минатата година. Книгата во 2018 година го доби Рациновото признание, а и понатаму предизвикува голем интерес кај читателите.

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел на Универзитетот во Лавов (Украина), Катовице (Полска), Брно (Чешка). Докторирал на Институтот за словенска филологија во Сосновјец (Полска). Во моментов работи како вонреден професор на Филолошкиот факултет во Штип. Автор е на романите “Гргара” (2014), “Првиот универзитетски ден на мојата ќерка” (2016), “Диссомнии” (2017). „Полиглот“ е негов четврти роман.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ на Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Ана Ололовска