Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ вечерва ќе одржи хуманитарен концерт во Охрид, а сите средства собрани од продадените билети ќе бидат наменети за обнова на манастирот Трескавец кај Прилеп, кој беше опожарен на 4 февруари.
Целовечерниот концерт го организира Центарот за култура „Григор Прличев“ и ќе се одржи во големата сала на оваа установа. Почетокот на концертот е од 20 часот, а цената на влезница е сто денари.