Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Од:

Агенцијата за филм ќе биде присутна на виртуелното издание на Европскиот филмски маркет, што се одржува од денеска до 5 март.

– Оваа година, Агенцијата за филм закупи дигитален простор наменет за промоција на македонската кинематографија. На својот промотивен профил, вклучени се информации за институцијата, но и она што може да го очекуваме во периодот што следи, а се однесува на најновите остварувања кои во моментов се во завршна фаза на реализација, информираа од Агенција за филм, истакнувајќи дека тоа претставува одлична можност за поголема видливост на македонскиот филм и можност за остварување на контакти и потенцијални соработки важни за развој на дејноста.

Меѓу другото, како дел од активностите во кои Агенцијата за филм зема учество а се одржуваат во соработка со филмскиот маркет, е и претставувањето на младата ѕвезда Сара Климоска, која е дел од иницијативата Shooting Stars во организација на European Film Promotion.

– Активностите за промоција на 10-те млади европски таленти опфатија бројни интервјуа со медиуми како и можности младите таленти да бидат претставени пред кастинг директори и филмски професионалци. Како еден од поддржувачите на Shooting Stars 2021 e и Агенцијата за филм која воедно го номинира македонскиот кандидат за оваа награда за која земјите членки на EFP (37 на број) имаат можност да предложат по еден кандидат, а само 10 ѕвезди ја имаат привилегијата да бидат добитници на истата, наведоа од Агенцијата за филм.

Од Агенцијата посочија дека локација од филмот „Врба“ е финалист за наградата за најдобра европска локација (European Film Commissioners Network).

– Воедно, Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN) кој е партнер на Европскиот филмски маркет, по четврти пат доделуваат награда за најдобра филмска локација (“Location award”), за локации кои се појавуваат во филмови од изминатата година. Ова е една до најважните награди за промоција на атрактивни локации за снимање на филмови. Како долгогодишна членка на Европската мрежа на филмски комисии, Агенцијата за филм за изминатата година го пријави прилепскиот регион, односно Мариово и Трескавец, атрактивните локации кои се појавуваат во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. Од вкупно 28 апликации, С. Македонија се наоѓа меѓу петте финалисти од Словачка, Германија, Италија и Литванија. Ова е втора година по ред како нашата земја е дел од финалистите, по минатогодишната номинација на локацијата каде е снимена „Медена земја“, истакнаа од Агенцијата за филм.

На 2. март, ќе се одржи програмскиот дел на Европскиот филмски маркет каде продуцентите ќе имаат можност да ги претстават своите локации, виртуелно да разменат искуства и да се запознаат меѓу себе, а на крајот следи и доделувањето на Location Award.

Би можело да ве интересира

Двочасовна блокада на патот Прилеп-Витолиште и протест поради негрижата за Мариово

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ