Книгата „Будење на свеста“ достапна и во аудио издание

Од:

Книгата со седум изданија зад себе – „Будење на свеста”, од македонските автори Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ која е достапна во електронска и во печатена верзија на сите светски платформи за книги, отсега е достапна и како аудио книга на англиски јазик на Audible платформата.

– Беше потребно доста време и ресурси нашата книга да се објави и во аудио издание. Целиот процес да стасаме до оваа фаза на проектот траеше повеќе од две години, и сега можеме да кажеме дека овој проект е заокружен што се однесува до светската пазарна покриеност. Книгата на англиски јазик во аудио формат може да се пронајде на сите поголеми аудио платформи низ целиот свет. Во придружба на Millian Quinteros, аудио артист кој има прочитано преку 1.000 книги, ве очекува целосно ново искуство кој со енергичен, но нежен глас, ќе ве води кон будењето на свеста. Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж и свесно да косоздава реалност каква што посакува. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладеат хармонија и љубов на нашата планета, изјавија авторите на книгата.

Ова дело претставува водич за лична и колективна преобразба и разбуди голем интерес кај читателска публика.

Ова дело на македонски јазик кое беше прогласено за „Најпродавана книга од македонски автори за 2020 година” е издадено од страна на издавачката куќа „Publisher” и може да се купи во Книжарниците на ТРИ, а англиската верзија може да се пронајде на Amazon, Kindle и Audible, како и на сите светски онлајн платформи за книги.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“