Карол Буке членка на жирито на фестивалот во Кан доживеа алергиски шок

Од:

Француската aктерка Карол Буке која е членка на официјалното жири на филмскиот фестивал во Кан, доживеа алергиски шок, за време на свеченостa организирана на маргините од фестивалот.

Злобниците веќе искоментираа на социјалните мрежи дека алергискиот шок и се појави поради лошите филмови во селекцијата.

Имено Карол Буке учествувала на една вечера организирана во Валорис од страна на американското списание „Ванити фер“, јави дописникот на МИА.

Меѓу другите гости се наоѓале и Џулијан Мур и Џесика Шастан. Педесет и шестгодишната француска актерка имала ангиоедем, алергиски реакции на кожата и мукозните мембрани.

Неа и било пружено прва помош и ставена инјекција, по што таа не била однесена во болница. Службата за печат на фестивалот не го коментираше настанот.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето