Јовановски: Министерот Алаѓозовски тајно и без дебата го прекина проектот за реконструкција на ЦК „Григор Прличев“ во Охрид

Од:

Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што изјави дека Владата на СДСМ не е реформска, туку антиреформска и дека има капацитет само за блокирање, укинување и уривање.

– министерот за култура, Роберт Алаѓозовски тајно и зад грбот на јавноста, без никаква транспарентност ниту дебата ги прекина и ги поништи постапките за реализација на проектот за реконструкција, надградба и осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во кој се сместени и работат националните установи Театар Охрид, Охридско Лето и Библиотеката „Григор Прличев“. Реализацијата на овој проект предвидуваше целосна реконструкција, надградба и осовременување на постоечкиот објект на Центарот за култура „Григор Прличев“ по сите светски стандарди. Веќе беше обезбеден буџет, избрано беше идејно решение и фирма проектант, која треба да ја изработи потребната проектна документација по што би се отпочнало градежните активности за реконструкцијата на објектот, изјави Јовановски.

Според него, реализацијата на овој проект значела дека Охрид и охриѓани, но и сите граѓани на Македонија, ќе добиеле објект каде што културните и уметничките настани ќе можеле да се следат во современи услови по сите светски стандарди.

– Исто така културните работници во Охрид и Македонија, како и сите странски уметници кои честопати се присутни во овој град, ќе можеа да работат во најсовремени услови, а Охрид и охриѓани ќе добиеа една нова поквалитетна културна димензија во својот град. Но, сега тоа е стопирано од Алаѓозовски, Заев и СДС, кои не сакаат во Охрид да има нов, современ и квалитетен објект кој не е ниту нивна идеја, ниту пак нивно дело, рече Јовановски.

Тој јавно го праша министерот за култура дали прекинувањето на овој значаен проект за Охрид значело „живот“ за Охрид и охриѓани.

– Дали за Алаѓозовски, охриѓани не се достојни да добијат објект на кој ќе се гордеат и во кој ќе може да ги следат бројните културно-уметнички настани во својот град? Дали вработените во охридскиот театар, охридската библиотеката, вработените во Охридско лето и сите уметници не заслужуваат да работат во современи услови по сите светски стандарди?, праша Јовановски.

Тој додаде дека со оваа одлука донесена нетранспаретно и далеку од очите на јавноста се правела штета на културата во Македонија, а особено на Охрид.

– Министре Алаѓозовски, бараме итно преиспитување и повлекување на оваа срамна и штетна одлука. Бараме да се продолжи реализацијата на овој проект кој е од суштинска потреба за градот Охрид. Бараме јавно и без одлагање да ги информирате охриѓани за вашите планови и одлуки по однос на реализацијата на овој проект. Дали Вие сметате дека Охрид не заслужува подобар центар за култура, или ви пречи пак тоа што идејата и патот до нејзина реализација се дело на ВМРО-ДПМНЕ, па поради тоа ќе ги казнувате охриѓани?, рече Јовановски.

Тој напомена дека оваа одлука мора да биде повлечена.

– Ниту Македонија, ниту пак граѓаните на Република Македонија заслужуваат нов 15-ти септември. Зоран Заев мора да си ги исполни ветувањата. Граѓаните очекуваат 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата и 500 километри нови автопати.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион