Изложба на дизајнирани постери за промоција на волонтерство, помош и поддршка во заедница

Од:

Изложба на дизајнирани постери инспирирани од 100-годишнината од Меѓународна федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која ова година во целиот свет се одбележува под мотото “Љубов” ќе биде отворена денеска во Public Room во Скопје.

Како што информираат од Црвениот крст на Град Скопје, постерите во изминатите три месеци се изработувани од страна на студентите од Академијата за графички дизајн– при СЕМОС едукација.

Настанот се реализира во рамки на неделата на Црвениот крст која се одбележува од 08 до 15 мај, а има за цел да промовира волонтерство, доброволна работа, помош и поддршка во заедница.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“