Хуманитарен концерт на Танец и претства на Театарот комедија за Трескавец

Од:

Продадени се влезниците за хуманитарниот концерт на Танец кој вечер ќе се оджи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а средствата ќе бидат наменети за обнова на манастирот „Трескавец“. Гости на концертот ќе бидат Блага Петреска и Сузана Спасоска.

Цената на билетите е 100 денари, а Македонската телевизија ќе врши директен пренос, каде ќе има и отворени телефонски линии за собирање средства за обнова на манастирскиот комплекс.

Во рамки на акцијата „Културата во пресрет на манастирот Трескавец“, Театарот комедија вечер ќе ја одигра претставата „Женидба“ во режија на Дејан Пројковски.

За обновување на конаците на Трескавец на 25 овој месец  МНТ и Театарот за деца и младинци ќе ја изведат претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов, а следниот ден Драмскиот театар ќе ја одигра „Грев или шприцер“ во режија на Деан Дамјановски. На 27 февруари Театарот од Велес ќе ја изведе „Ноќите во бел сатен“ во режија на Ненад Витанов, ден потоа Народниот театар од Битола ќе ја одигра „Хенри Шести“, трет дел во режија на Џон Блондел, а на 1 март Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ќе ја изведе „Многу врева за ништо“ во режија на Иво Милошевиќ.

Уметниците ќе играат без надомест, а директорите на институциите ветија дека останува отворена можноста и за натамошни хуманитарни изведби за враќање на стариот „Трескавец“.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!