Хуманитарен концерт на Драган Даутовски за обнова на Трескавец

Од:

Виртуозот на народни инструменти Драган Даутовски задутре во Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп ќе одржи хуманитарен концерт. Приходот ќе биде наменет зз обнова на манастирот Трескавец чии конаци целосно изгореа во пожар на 4 февруари. Влезниците се по цена од 100 денари.

– Досега се организирани повеќе културни манифестации за помош за обновата на големото светилиште со кое прилепчани се многу поврзани. Концерти и театарски претстави не само во Прилеп, туку и во другите градови, се дел од акцијата на Министерството за култура и на прилепската локална самоуправа за собирање на средствата за манастирот, рече на прес-конференција Снежана Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

Кога ќе дозволат временските услови и ќе биде пристапен патот до Трескавец, ќе продолжи расчистувањето на опожарените делови на манастирот. Над 200 доброволци на 10 февруари спроведоа голема акција на расчистување, а во следната фаза ќе бидат урнати опожарените ѕидови на конаците.

Прилепскиот завод и музеј во меѓувреме работи на идејниот проект за обнова на манастирот кој ќе ја задржи неговата автентичност, но ќе бидат преземени мерки и за негова заштита од непогоди.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски