Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Од:

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје, Македонија настапи на Интернационалниот фестивал во Ричоне (Riciione), Римини, Италија, под името ,,Сите бои на уметноста” и го освои првото место.

На фестивалот настапија 18 натпреварувачи од: Литванија, Шри Ланка, Иран, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија, во рализчни категории.

Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко во ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу, Вера Ангеловска, се покажа во право светло и ги освои симпатиите и гласовите на жирито.

Со 31 глас од хористите и 9 те членови на оркестарот, настапот на македонската музичка експедиција ги изнуди аплаузите и овациите од преполната сала во ,,PALAZZO DEL TURISMO” во Riccione (Ричоне), Римини Италија.

Македонскиот училишен хор и оркестар, за разлика од натпреварувачите на другите учесници, го немаше епитетот професионалци,но сепак покажа дека има квалитет еднаков и подобар од професионалните музичари, што беше пресудно за победа и успех.

 

Пехарот за 1 -то место ќе остане во трајна сопственост на училиштето, како и оригиналната статуетка од Интернационалниот фестивал, и златните медали на градите на учениците ќе останат да сведочат за овој огромен успех на хорот и оркестарот на ООУ ,,К.Ј. Питу”, како прв и единствен претставник од Македонија на еден ваков Светски музички настан.

Покрај хорот и оркестарот, на Фестивалот во категорија ,,вокални солисти”, македонски преставници беа Лана Алексовска (која го освои 2. место) и Ева Балканова (која беше третопласирана). Овие две ученички, се воедно дел и од победничкиот хор.
Благодарност и до наставник Наташа Петровска Дургутов која е со нив на овој настан, и до сите чинители кои овозможија учениците на ООУ Кузман Јосифовски Питу Скопје да покажат и докажат дека се најдобри.

Би можело да ве интересира

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он

Μонашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина

Ана Ололовска