Гостување на МОБ во Велес и Битола со балетската претстава „Либертанго“

Од:

Македонската опера и балет на 12 февруари годинава, во 20 часот, ќе гостува во Народниот театар „Јордан Х.К- Џинот“ во Велес, а на 14 февруари, во 19.30 часот, ќе гостува во Центарот за култура во Битола, со балетската претстава „Либертанго“ со музика од Астор Пјацола.

Приказна за создавањето на патот на тангото, уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц сцена.

Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето.

Кореографијата е на Сабрина Боско од Италија, режисер е Наташа Поплавска, а сценографијата и костимографијата се на Александар Ношпал.

Гостувањата се соработка со МОБ, општините и со поддршка од Министерството за култура.

Настапуваат 40 балетски уметници: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили од Грузија, Мими Поп Алексова Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Ендру Кук од Англија, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Марко Здравковски, Драган Кочоски и целиот балетски ансамбл на Македонската опера и балет.

Би можело да ве интересира

Локомотива – Кино Култура проектен простор стана член на Европската мрежа на танцови куќи

Ана Ололовска

Онлајн часови по современ танц и движење со домашни танцови уметници и педагози

Ана Ололовска

Видеопорака за одбележување на Светскиот ден на танцот

Ана Ололовска

Александар Хаџиманов со порака за Меѓународниот ден на танцот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Триесет години македонска современа танцова сцена

Ана Ололовска

Шеснаесеттиот „Танц фест“ ќе се одржува наесен во фази

Ана Ололовска