Францускиот институт ги претстави можностите за младите во Крива Паланка

Од:

Приближување на француската култура, јазикот и можностите што ги нуди францускиот високообрзовен систем  за младите од Македонија, синоќа без претставени во Крива Паланка од страна на Францускиот институт во Скопје.

 – Последните години имаме околу 150 млади од Македонија, кои студираат или специјализираат на француските универзитети и школи. Интересот станува се поголем, затоа што францускиот високообразовен систем е достапен за сите и не прави разлика помеѓу француските и странските студенти. За сите подеднакво важат истите услови за школарина, како и другите поволности и олеснувања што ги обезбедува француската држава, истакна Сузана Пешиќ од Одделот „Кампус франс“ при Францускиот институт.

На располагање на младите од Македонија, како што посочи Пешиќ, се околу 80 универзитети и голем број специјализирани школи, како и т.н. големи елитни школи, карактеристични за оваа држава, кои се отворени во 18-19 век од страна на познати научници и мецени. Според Пешиќ , тие не се недостапни за нашите млади, затоа што има повеќе примери на студенти кои се запишале и успешно ги завршиле.

Претставниците на Францускиот институт ги претставија можностите за користење на дигиталната медиатека на Институтот, која нуди огромни можности за изучување и усовршување на францускиот јазик, како и голем број на книги, видеа, списанија, филмови и други ресурси за младите.

На презентацијата, покрај Пешиќ,  присуствуваа  и Анжелик Лр, аташе за француски јазик при Францускиот институт и Арта Ибраими одговорна за медиатеката и културотеката на Институтот. 

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка