ФОТО: Режисерот Златко Паковиќ со „Брехтовата поучна драма“ гостуваше на АКТО во Битола

Од:

Една од работите по која ќе се памети десеттото издание на фестивалот АКТО, е претставата на белградскиот режисер Златко Паковиќ, “Ибзеновиот непријател на народот како Брехтова поучна драма“, во која тој ја пренесува на публиката својата страст и беспоговорна верба дека театарот може да го промени човекот. Базирајќи се на “Непијателот на народот“ од Ибзен и поучните претстави на Брехт, Паковиќ низ театарска реконструкција на едно тв интервју на српскиот претседател Николиќ, говори за доблеста, корупцијата, моќта и моралот, одејќи уште подалеку и испитувајќи колку театрот може да биде активен општествен чинител и да влијае врз мислењето на гледачите. „Пеколно сериозен подвиг не’ чека – ние сме оние, што чекавме да дојдат“ – повоторуваат актерите неколку пати низ песна, во оваа извонредно силно и актуелно театарско дело.

11873956_10207557108221024_678420976_n

Освен ова претстава, вчера на програмата на фестивалот беше перформансот „Убава наша“ на Славен Тољ од Хрватска, кој во кафулето „Јагода“ гледајќи на тв екран снимки од прославата на годишнината од „Олуја“, ги чистеше на своите боси нозе. Се одржа и дебатата како да направиш фестивал со 100 евра и со 1 милион евра“, по концепт на Ивана Васева и илјана Тануровска – Ќулавковска. Паралелно течеше и музичката програма со настап на голем број групи и диџеи.

11857735_10207557114781188_395638446_n

На програмата на денешниот последен ден од годнашново издание на фестивалот за современи уметности АКТО, ќе се одржи презентација на работлницата за деца и млади „Шепоти на ѕидовите“, јавно читање на уставот со Жарко Трајановски, како дел од проекот „Живи библиотеки, архиви на граѓанска непослушност. Потоа уметникот Ѓорќе Јовановиќ заедно со битолската публика ќе го изведе перформансот „На Битола со љубов одново“. Во Интимен театар ќе биде изведена претставата „Свежа вдовица“ на госите од Загреб, во Мобилната галерија ќе се прикажува филмот „Споменик“ на Игoр Грубиќ од Загреб, а прогрмата завршува со настанот „Тотална свадба“ со гостите „Суперматистички чочек“, вечерва во Мобилната галерија.

11896890_10207557113741162_334516365_n

А.Б.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов