Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Од:

После незаборавниот концерт на Зарина Првасевда во рамките на “Светско, а наше”, со нетрпение се очекува и оваа сабота да продолжи низата од концерти кои го исполнуваат поткровјето на Јавна соба со квалитетна светска музика. На ред се етаблираните и потврдени Фолтин.

Музиката на Фолтин е непредвидлива и предизвикувачка, надреална, страсна и духовита, динамична и полна со изненадувања и спојува многу жанрови, која ќе повика на трансцедентален танц и овој 2. март (сабота).

Фолтин постои од 1996 година. Зад себе има девет самостојни албуми, музика за преку триесетина театарски претстави, музика за десетина филмови, меѓу кои кандидатот за Оскар “Медена Земја” и интернационално најнаградуваниот филм “Исцелител”. Со концертни настапи и театарски перформанси во живо гостувале во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка.

Освен на македонски, англиски и француски, пеат и на таканаречен „спонтан eсперанто“, имагинарна смеса или фонетска имитација на светските јазици. ФОЛТИН себе си се опишуваат како псевдо-емигрантско кабаре.

Би можело да ве интересира

Концерти на Фолтин во Куманово, Штип и Струмица

Концерт на „Фолтин“ во Тирана

Ана Ололовска

Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Катерина Ѓуровски

Администраторот и модераторот на „Јавна соба” ќе си останат во куќен притвор бидејќи можат да избегаат

Кристијан Ландов

По четири години затвор добија обвинетите за порнографијата во „Јавна соба“

Кристијан Ландов

Кочанчанка уценувала жена со објавување на компромитирачки фотографии

А1он