Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Од:

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница ги одби како неосновани поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“.

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.03.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани, се наведува во денешното соопштение од Врховниот суд.

Основниот кривичен суд Скопје во март минатата година им изрече затворски казни од по четири години на Дарко Костовски и Михаил Паневски, креатори на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. Тие се обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според обвинението, во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

На социјалната мрежа Телеграм оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Наќе Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

Орце Костов

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд

Ана Ололовска

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов

Свекрвата ќе одлучува за снаата што се обучува: И претседателката на Врховен во Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов

Администраторот и модераторот на „Јавна соба” ќе си останат во куќен притвор бидејќи можат да избегаат

Кристијан Ландов