Фолклорната група „Вапцаров“ од Делчево ќе учествува на меѓународни фестивали

Од:

Фолклорната група и оркестар при Центарот за култура „Никола Јонков–Вапцаров“ од Делчево годинава со поддршка на Министерството за култура и со сопствени средства ќе учествуваат на меѓународни фестивали во Измир, Турција, Босна и Херцеговина, Словенија и Италија.

Директорот на Центарот за култура „Никола Јонков–Вапцаров“ Љупчо Петровски истакна дека овие настапи ќе значат одлична можност за промоција на македонскиот фолклор и добро искуство за членовите на групата.

– На меѓународниот фестивал во Измир настапуваме веќе осум години и тоа го сфаќаме како традиционален настап. Првпат планираме учество на фестивалите во Канели, Италија, каде има голем број наши иселеници, а настапот пристигна како резултат на соработката со Црковната општина од Канели. Овој настап го планираме во мај, а во летниот период планираме настап во БиХ во градот Маоча и во Вранско, Словенија. Настапите се резултат на соработката со фолклорните друштва од овие општини, рече Петровски.

Тој додаде дека подготовките за настапот на фестивалот во Измир се веќе почнати, а фестивалот ќе се одржи од 19 до 27 април по повод Денот на детето во Турција, 23 Април.

– За нас овие настапи значат одлична промоција на нашата работа, но пред се на македонскиот фолклор. Предизвикот кај сите членови на групата носи сериозност и посветеност во изучувањето на новите кореографии, рече Петровски.

Со поддршка на Министерството за култура, како што рече, годинава ќе се реализираат проекти од областа на музичко-сценската дејност.

Петровски информира дека традиционално и оваа година со средства од Министерството ќе се одржат „Голачките фолклорни средби“, меѓународен фолклорен фестивал кој се одржува на планината Голак, на врвот Чавка покрај манастирот „Св. Пантелејмон“. Средбите ќе се одржат ноќта на 8 август, спорти верскиот празник Свети Пантелејмон. Ќе се реализира проектот за работа на женската пејачка група „Ѓурга“ и ФГ „Вапцаров“, проектот со кој се планира откупување на автентични рачни изработки од Пијанец и проектот „141 година Разловечко востание“.

– Во 2017 година ќе се реализира и проектот „Ревија на хорови и оркестри“, а засега е договорен и настапот на ансамблот „Танец“, на сцената во Делчево, истакна Петровски. Додаде дека и оваа година со поддршка на Министерството ќе се реализира традиционалната литературно-поетска манифестација „Вапцарови бранувања“.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија