Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Од:

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска беа во работна поста на општина Делчево.

Во рамки на посетата министрите заедно со градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, најпрвин извршија увив во реконструкцијата на крак од булеварот Македонија, кој беше оштетен од обилните поплави, по силното невреме што го зафати овој регион.

Министерот Бочварски истакна дека преку министерството за транспорт и врски тука во Делчево се реализираат голем број проекти во делот на патната и комуналната инфраструктура.

„Со колегите министри и градоначалникот Трајковски извршивме увид на реконструираниот крак од булевар Македонија, кој беше саниран во најбрз можен рок по обилните поплави кои го имаа зафатено регионот на Делчевско. Исто така, извршивме реконструкција и на улицата Царевоселска, ул. Голачка, на улиците Јане Сандански и Иво Лола Рибар, како и на оштетениот мост на влезот на Делчево. Покажавме спремност и одговоривме на предизвиците, граѓаните да бидат уверени, како Влада тука сме да помогнеме и да ја оправдаме довербата која тие ни ја имаат дадено”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Дополнително, министерот Бочварски истакна дека министерството за транспорт и врски преку Проектот за поврзување со локални улици и патишта вложува средства во висина од над 780 илјади евра во општина Делчево, а во делот на комуналната инфраструктура, само во последните 12 месеци реализирани се комунални проекти со вредност од 330 илјади евра.

Министрите Николовски, Бочварски и Шукова заедно со градоначалникот на општина Делчево извршја и посета на новиот затворен пазар во Делчево. Како Влада посветено креираме мерки што даваат резултати, градиме повеќе за сите. Граѓаните на општина Делчево, денес за прв пат во историјата на градот, имаат модерен и современ затворен градски пазар.

Инвестиција поддржана од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку мерката 123 од Програмата за финасиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Изградбата на овој капитален проект беше децениска желба и реална потреба на граѓаните во општина Делчево.

„Изградбата на овој пазар ќе го направи Делчево, како погранично место, економски центар, не само за градот, туку и регионот. Новиот пазар е по теркот на другите големи и современи пазари. Пазарџиите денес можат на модерни тезги, со обезбедени квалитетни санитарни услови, поголема хигиена и по сите стандарди, без проблем да вршат продажба на своите земјоделски производи или производи од текстил и облека. Модерен пазар изграден за вас и за сите делчевци“, изјави министерот за земјоделство, шуамрство и водостопанство Љупчо Николовски.

Новиот модерен градски пазар се протега на површина од 2.408 м2, располага со 18 дуќани и 192 продажни пунктови. Вкупната вредност на проектот е 43,5 милиони денари. Во првата фаза од изградбата, 7 милиони денари беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а 7,9 милиони денари беа обврска на Општина Делчево. За втората фаза од изградбата обезбедени се средствата во висина од 13,9 милиони денари од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија преку Источно-планскиот регион, а 14,5 се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Министерот Николовски истакна дека во општина Делчево преку Програмата за рурален развој на министерството, обезбедена е поддршка и за реконструкција на локалениот пат Л3 (Делчево-Очипала-Драмче-Вратиславци). Потоа поддршка на проект за изградба на фекална канализација во населба Бесарица и во дел во населба покрај локалниот пат од с. Киселица до с.Вратиславци, како и изградба на улици во населба Басарица. Поддржани проекти на општина Делчево за периодот од 2017 до 2022 година, во вредност од 44,7 милиони денари.

Во својата изјава министерот Николовски упати апел до земјоделците навремено да аплицираат за дополнителите директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.

Министрите при денешната посета на Делчево извршија и увид во изградбата на филтер-станицата, важен капитален проект со кој се обезбедува чиста вода за пиење на граѓаните.

Владата преку МЖСПП вложува во рамномерниот развој на општините, заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во сите општини во државата.

„Општина Делчево ја помагаме во завршувањето на реализацијата на проектот за изграба на филтер-станицата за вода за пиење и во докомплетирањето на системот за водоснабдување на населените места Ѕвегор, Габрово и Вирче, во унапредување на системот за управувањето со отпад преку доделување на опрема, а од заемот од ЕИБ, ќе се финасира регулација на речно корито на Брегалница и реконструкција на каналот за наводнување”, изјави министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски изрази задоволство од денешната посета на Делчево, на министрите, кои беа клучни партнери во реализацијата важни проекти за општината, преку кој создаваме услови за подобар квалитет на животот на сите граѓани на Делчево.

„Изминатиов период, работевме на реализација на низа проекти со голема поддршка на Владата, која секогаш има слух за потребите и барањата на граѓаните на Делчево. На сите овие објекти, на сите овие проекти, стои потписот на актуелната локална власт и Влада. Сите овие објекти ќе останат да сведочат за генерации и генерации граѓани и тие се уште еден доказ дека, кога се работи посветено, одговорно и домаќински, нема што не може да се направи за своите граѓани“, изјави градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски.

Развиени општини значат силна економија. Значат подобар живот за граѓаните. Во таа насока како Влада, преку сите министерства, континуирано вложуваме во поддршка на рамномерниот регионален развој, преку конкретни мерки за поддршка на општините во зајакнување на инфраструктурата и вложување во развој на руралните средини. Во таа насока пред неколку дена беа потпишани договорите за поддршка на 66 локални проекти, во 44 општини низ државата, поддршка вредна 32,5 милиони евра средства од буџетот на Владата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски