Во денсинг-салата на Младинскиот културен центар вечер ќе се одржи концерт „ФИРОМ Реквием“, на кој ќе бидат премиерно изведени четири композиции на Александар Пејовски.
Композициите „Одбројување“, „Ерга Омнес“, „Транс Фиром експрес“ и „Миса Бревис-во сеќавање на Хенрик Миколај“ се напишани за женски хор, гудачки оркестар, пијано, органа, харфа, челеста и лента.
– Концертот претставува музичко-идеолошки омаж на американскиот и источноевропскиот минимализам од седумдесетите години на минатиот век, соопшти МКЦ.
Ќе настапи Женскиот младински хор на МКЦ и Камерен оркестар под палка на диригентот Сашо Татарчевски.