Единаесет државни први награди за младите музички уметници од Охрид

Од:

Вкупно 11 први награди освоија учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид на 51. Државен натпревар на млади музички таленти одржан во Скопје.

Младите музички таленти од Охрид на првенството покрај 11-те први награди, уште се закитија со три специјални први награди, осум втори, две трети награди и три пофалници во категориите пијано, виолина, гитара и солфеж, во конкуренција на уметници од сите музички училишта од Републикава.

Стручните жирија составени од еминентни професори од Македонија одлучија трите Први специјални награди да им ги доделат на учениците Ивона Базгалоска на пијано, Татјана Ѓеорѓиеска на гитара и Огнен Секулоски во солфеж. Осум Први награди освоија Даниел Мојсоски на виолина, Мила Тренеска – солфеж, Десарт Елмази – виолина, Даниел Мојсоски – солфеж, Никола Кречов – пијано, Софија Андоноска – пијано, Петар Ристески – пијано и Емилија Наумовска – солфеж.

Осум Втори награди им беа доделени на Александар Грунчески – солфеж, Дамјан Милески – пијано, Искра Атанасова Митуш – пијано, Марија Џуклеска – виолина, Димитар Гаврилоски – виолина, Александар Грунчески – виолина, Стефани Ефтимоска – гитара и Ана Димоска во категоријата солфеж.

Со трети награди се закитија Петар Милески на виолина и Анастасија Андрееска – солфеж, додека пофалници добија Бајрам Рамаданоски – виолина, Огнен Секулоски – пијано и Митко Георѓиески на гитара.

Би можело да ве интересира

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов