Дојран, Берово, Ресен и Kрушево дел од проектот „Културно лето, културна зима“

Од:

Дојран, Берово, Ресен и Градот на културата за 2014 година Крушево, се општините кои заедно со Министерството за култура ја почнаа реализацијата на проектот „Културно лето, културна зима“ кој ќе создаде предуслови за развој на севкупниот туристички сектор во Македонија.

Овие општини кои имаат големи туристички потенцијали, соопшти Министерството за култура, ќе им овозможат на граѓаните и на туристите од регионот да уживаат во богата културно-уметничка програма во текот на летото.

Во Крушево, градот на културата за 2014 година, во тек е манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ и Летниот саем на книгата кој ќе трае се до 15 август.  На саемот во Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ освен промоциите на повеќе книги од познати автори посетителите ќе можат да се дружат и со младите писателки Елена Христова и Ирена Блажевска.

Вечерта пак е резервирана за концертот на познатиот естраден уметник Миле Кузмановски кој ќе се одржи во 21 часот на градскиот плоштад  во Крушево.

Во Домот на културата утревечер со почеток во 20.30 часот  граѓаните и посетителите на Крушево ќе можат да уживаат во  класичната музика. Во рамки на вечерта на оперски дуети насловена „ Љубовни приказни“ ќе настапат  сопранот Билјана Јосифов и тенорот Дарко Нешовски во пијано придружба на Милан Јанкуловски, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје