Агенцијата за млади и спорт денеска ги доделени наградите од Конкурсот за млади уметници за сликарство, скулптура, графика, графички дизајн и фотографија.
Специјално формираната комисија одлучи во категоријата сликарство да бидат доделени две награди и тоа за делото „Спирала“ на Верче Стевковска и делото „Тишина“ на Наташа Петковска. Во областа графика, наградата ја доби делото „Рогови“ на авторот Катерина Божиновска. За најдобро скулптура е наградено делото со наслов „Минута за себе“ на авторот Ивана Пирковска, а за најдобра фотографијата насловена „Насока“ на авторот Ива Тоцили. Во категоријата графички дизајн не биле пристигнати доволен број дела за селекција.
Младите автори од Агенцијата за млади и спорт добија ваучери од по 40.000 денари. Агенцијата додели специјална благодарница за надежен млад автор на 15-годишната Сташа Божинова, за делото „Diversity nad love“.
Проектот има за цел поддршка на младите талентирани уметници, како и поттикнување на младите луѓе да ги покажат своите дела пред јавноста, но и да ги мотивира и понатаму да творат и да го развиваат својот талент.
– По успешно реализираниот проект „Млади поети“ ова е втор проект со кој Агенцијата за млади и спорт дава целосна и директна поддршка на младите уметници во насока на поттикнување на нивниот уметнички и креативен потенцијал. Се со цел за нивна понатамошна дополнителна стимулација и мотивација да ги промовираат нивните уметнички дела во јавноста, но и понатаму да творат и да го развиваат својот талент, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Конкурсот траеше од 19 ноември до 5 декември, а можеа да учествуваат млади луѓе на возраст од 15-29 години. На конкурсот пристигнале 39 дела.
Од 26 до 28 февруари во Мала Станица ќе бидат изложени сите пристигнати дела во рамки на повој конкурс.
Изложбата ќе има продажен карактер, така што сите заинтересирани ќе можат да ги откупат квалитетните, навистина одлични дела од младите уметници кои учествуваа на овој конкурс.
Агенцијата за млади и спорт за првпат оваа година го организира проектот „Млади уметници“.