Денови на италијанскиот филм во Битола

Од:

Центарот за култура-Битола во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија и годинава ја реализира културната манифестацијата „Прозорец кон италијанскиот филм“ – ревија на италијански филмови од најновата продукција.

Филмовите се посветени на теми поврзани со актуелните состојби во италијанското општество и обработуваат содржини и случувања на современиот човек.

– Манифестацијата ја почнавме со комедијата „Добредојдовте претседателе“ на Рикардо Милани, публиката го погледна и филмот „Совршен ден“, а вечерва ќе биде емитуван филмот-драма „Мелем“ во режија на Валерија Џолино, а во кој настапуваат Јасмин Тринка, Карло Кечи и Либеро де Риенцо. Филмовите се титлувани на македонски јазик и предизвикаа интерес кај битолската публика, изјави Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Третата по ред манифестација „Прозорец кон италијанскиот филм“ завршува утревечер со проекција на романтичниот филм „Прозорецот отспротива“ на Ферзан Озпетек, во кој настапуваат Џована Мецоџиорно, Масимо Џироти и Раул Бова.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов