Дела од ликовната колонија „Карпино 2016“ на изложба во Виница

Од:

Во фоајето на Домот за култура „Тошо Арсов“ во Виница денеска беше отворена изложба на слики од 14. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2016“, на која се претставени 24 дела од уметници од повеќе држави.

Тие учествуваа на колонијата која ја организира Мултимедијалниот центар „Карпино“. Делата се работени во класична и во комбинирана техника.

– Оваа година ја очекуваме 15-тата колонија, за нашиот јубилеј имаме 200 до 250 слики. На 14-тата ликовна колонија имаше над 30 изработени дела, а тука се изложени 24. Секоја година гледаме да ја унапредиме и да ја надградуваме колонијата, истакна Зоран Павловски од Мултимедијалниот центар „Карпино“.

Делата од оваа ликовна колонија во Виница ќе бидат изложени до 20 февруари. Отворањето на изложбата денеска беше збогатено со музички настап на учениците од Школата за гитара.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница