Бугарскиот „Слава“ прогласен за најдобар филм на фестивалот „Киненова“

Од:

Филмот „Слава“ од авторите Кристина Грозева и Петар Валчанов, од Бугарија е прогласен за најдобар на првиот Меѓународен филмски фестивал „Киненова Скопје 2016“ што од 5 до 9 октомври се одржа во главниот град на Македонија.

Одлуката ја донесе Жирито на Меѓународниот фестивал на дебитански или втори филмови во состав Разван Радулеску, претседател, и членови Мира Фурлан, Мето Јовановски и Галина Тонева. Според нивното образложение, филмот е избран „за неговата чесност, затоа што го фатил сегашниот момент во неговата автентичност, и за раскажување на локалната приказна која досегнува пошироко и има универзално значење“.

Филмот „Длабочини 2“ Огњен Главоњиќ од Србија (2016), ја понесе нагрдата за најдобра режија и сценарио. Според Жирито, Главоњиќ е избран, поради како што наведуваат, неговиот радикален пристап, храброста и трпеливоста да следи многу чувствителна приказна, при тоа избегнува сентиментализам и пропаганда, и за главното достигнување, да го присили гледачот да ѝ погледне на вистината в лице. Сценариото за филмот на Главоњиќ воедно е награден за најдобро сценарио.

Нагрдата за најдобар краток филм на Киненова Скопје 2016, жирито во состав Мануела Чернат, Дејан Дабиќ и Вардан Тозија, ја додели на филмот на Никос Коловос, Шведска „Смоква“ (2016), а за анимиран на „Кружно патување на Марето“ од македонскиот автор Жарко Иванов (2016).

За исклучително визуелно влијание и за оригинален пристап кон денес уиверзалната закана, која се третира во духот на традицијата на величествената иранска филмска школа Жирито одлучи специјално признание да додели на филмот „Луѓе од гробиштата“(2016) на Али Мардоми од Иран.

Во рамките на Киненова 2016 познатиот скрипт доктор Џон Стивенс одржа работилница за развој на сценарија за кратки филмови. За најдобро сценарио беше прогласено „Бегалци“ на Андреј Георгиев и му донесе награда на авторот од компанијата за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во вредност од 3.000 евра за реализација на краток филм.

Киненова е независен фестивал со оригинална и специфична конкуренција за награди во која беа прикажани осум филмови. Селектор на главната програма беше филмската критичарка Марина Костова, а режисерот и продуцент Небојша Јовановиќ беше директор на фестивалот. Жирито го истакна квалитетот на селекцијата и ентузијазмот на екипата и публиката за ова прво издание на фестивалот кој во фокусот ги има младите филмски автори кои се на почетокот од нивната кариера.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето