Агенцијата за млади и спорт објави Конкурс за млади уметници

Од:

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата „Young art 2015“ наменет за млади  визуелни уметници од 15 до 19 години и групи кои имаат авторски дела кои ги исполнуваат утврдените критериуми.

Делата треба да се од дисциплините: сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см); скулптура (со димензии не поголеми од 200х200х200 см); графика (со димензии не поголеми 100х70); графички дизајн (плакат) и фотографија (со димензии не поголеми од 100х70 см).

– Делата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативен ракопис, соопшти Агенцијата за млади и спорт.

Изложбата се реализира вторпат со цел да ги поддржи и стимулира младите во продуцирање на современо ликовно творештво, но и да направи пресек на современата ликовна продукција на најмладата  генерација визуелни уметници.

Секој кандидат може да учествува со по едно дело. Изложбата е селективна, а жирито ќе додели по една награда за уметнички достигнувања за петте дисциплини, во износ од  40.000 денари.

Изложбата „Young art 2015“ ќе биде поставена во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.

– Секој автор своето дело треба да го достави соодветно опремено (без да се гледа неговата сигнатура) заедно со плик во прилог  во кој ќе ги има податоците за авторот и делото, а на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, во средината да биде назначена точната адреса на примачот.  Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот.  Во вториот затворен плик треба да има податоци за испраќачот и адресата на која делото ќе биде уредно вратено, информира АМС.

Авторските дела треба да се достават на адреса: Агенција за млади и спорт Сектор млади, ул. „Френклин Рузвелт“ бр.34, 1000 Скопје, со назнака „за Конкурсот Млади уметници“ или лично – во Архивата на Агенцијата за млади и спорт. Рокот за доставување на делата е 9 октомври 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска