Злосторствата на ОВК пред специјален суд

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун побара од косовските власти и Европската унија најдоцна до почетокот на следната година да обезбедат услови за формирање специјален суд, кој би се занимавал со прашањата за воените злосторства на ОВК во Косово во 1999 година.

– Барам од косовските власти, како и од структурите на ЕУ да обезбедат специјалниот суд да се формира најдоца до почетокот на 2015 година – наведува Бан во најновиот извештај за ситуацијата на Косово, кој ќе биде претставен пред Советот за безбедност на ОН на 25 август.

Генералниот секретар на ОН оценува дека извештајот на Клинт Вилијамсон, главен обвинител на специјалниот истражен тим (СИФТ) за злосторствата на ОВК од 29 јули, е од „клучно значење не само за почитување на основните принципи на меѓународната правда, туку и за борба против неказнивоста и за тоа сторителите да сносат одговорност за своите дела“.

Тој исто така ѝ се заблагодари на ЕУ за тоа што обезбедила политички и финансиски ресурси за завршување на овој процес.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски