Тунтев: Бараме одговорност за настанатите грешки и пропусти со градбите кај Плаошник

Од:

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Охрид, Томислав Тунтев на денешната прес – конференција потсети дека партијата била во право кога во изминатиов период зборуваше за бескурпулозниот, како што го нарекоа, армирано – бетонски атак врз Плаошник.

СДСМ реагираше пред повеќе од година и половина, кога веќе беше забележливо дека изградбата на објектите на Плаошник го надминува габаритот на првобитниот проект. Реагиравме минатата година и во локалната самоуправа со советнички прашања; укажувавме, анимиравме, ги повикувавме надлежните да реагираат; зимата баравме да ни организираат средба со стручната комисија од УНЕСКО. Но, власта остана глува, очигледно водејќи се исклучиво од свој интерес, а јавноста остана без било каква валидна информација. Дури власта тогаш тврдеше дека не постојат извештаи со забелешки на УНЕСКО – истакна Тунтев на денешната прес – конференција.

Тунтев додаде дека според стручните препораки во извештајот на УНЕСКО, тоа што се гради на Плаошник може да има сериозни негативни влијанија врз постоечкиот локалитет. УНЕСКО укажува дека е неопходна сериозна и значајна ревизија на проектот за изградба на сосема несоодветните армирано-бетонски зданија.

Ние сакаме да веруваме дека конечно одговорните лица во надлежните институции во државава ќе се вразумат, дека ќе ги преземат сите неопходни мерки и активности во согласност со препораките на УНЕСКО и дека конечно ќе престане загрозувањето и уништувањето на нашето природно, културно и историско наследство на Плаошник (Имарет) во Охрид – додаде Тунтев.

Од СДСМ очекуваат дека ќе биде лоцирана и конкретна одговорност за настанатите грешки и пропусти, и дека јавноста ќе биде информирана кој ќе сноси одговорност.

Не смееме никогаш повеќе да доаѓаме во ситуација странци (туѓинци) да не‘ учат и да ни кажуваат како треба да се грижиме за нашето вековно природно, културно и историско наследство, затоа што тоа е завет до нас од нашите славни предци и залог за нашите идни генерации.СДСМ и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на Плаошник (Имарет) и ќе продолжи да делува во насока на доследно почитување на нашите вековни духовни и световни традиционални вредности – рече Томислав Тунтев, претседател на СДСМ во Охрид.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион