Полицаец барал и добил секс за да ја скине казната

Од:

Полицаец од Карловац побарал секс од жена во замена да и ја прости казната. Според тоа што го кажуваат во карловачката полиција, пишуваат хрватските медиуми, намислата му успеала, а тој се сомничи за блуд, пренесе Макфакс.

Сè се случило во неделата, додека 43-годишниот полицаец бил на служба.

„По спроведено крим истражување, 43-годишниот полициски службеник се сомничи дека за време на должноста на 13 октомври, на подрачјето на Долга Реса, направил казнено дело блуд на штета на хрватска државјанка”, вели портпаролката на полицијата Андреја Ленард, за радио „Мрежница”.

Похотниот полицаец, во понеделник со казнена пријава, предаден е на притворски надзорник, а до крајот на постапката ќе биде надвор од служба.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари