Мбапе: Ако си заминев од ПСЖ ова лето, ќе одев во Реал

Од:

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе изјави дека можел да го напушти клубот во текот на летниот преоден рок.

– Приврзан сум за ПСЖ. Ако заминев во летниот преоден рок, тоа ќе беше само за Реал. Летово моите амбиции беа јасни, ги цитира зборовите на Мбапе „Л’Екип“.

На 28 септември, беше објавено дека 22-годишниот Французин ќе го напушти парискиот тим на крајот од тековната сезона, бидејќи нема да го обнови договорот со клубот. Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ важи до 30 јуни 2022 година.

Во сезоната 2021/22, Мбапе одигра 11 натпревари за францускиот клуб, постигна пет гола и забележа пет асистенции.

„Transfermarkt.com“ го проценува Французинот на 160 милиони евра.

Би можело да ве интересира

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ