Љуљзим Баша : Не очекуваат големи предизвици

Од:

Новиот лидер на албанските демократи, Љуљзим Баша, во првата изјава за медиумите по изборот му се заблагодари на членството за дадената поддршка да биде на чело на партијата, јави дописникот на МИА од Тирана. 


За него превземањето на лидерската функција во партијата значи голема одговорност, додавајќи дека партијата никогаш не била поединствена за да оди кон победа.


– Демократската партија ќе го слуша и ќе го почитува гласот и придонесот на секој нејзин член. Во моите напори да го раководам овој нов почеток ќе дадам се од себе со најголема одговорност кон членовите и симпатизерите на ДП, рече Баша.


Тој вети дека максимално ќе се ангажира оваа политичка сила да продолжи, како што рече, „да биде сила на сништата и надежите на Албанците“.


– Задачите кои не очекуваат не се лесни, предизвиците се многу големи, но на овој наш пат сме докажале дека колку сме биле одлучни толку и сме реализирале, изјави Баша.


Неговиот противкандидат, кој доби само 20 отсоо од гласови, Сокол Олдаши, изборниот процес за нов лидер на партијата го оцени како деформиран, ставајќи јасно до знаење дека резултатот претходно бил одреден. Според него и покрај ветувањата на досегашниот лидер Сали Бериша дека ќе има фер, демократски и транспаретни избори во партијата, тоа не се случило.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија