ИСИС е на пет километри од палатата на Асад

Од:

Припадници на ИСИС по инвазија на бегалскиот камп во Дамаск се наоѓаат на само пет километри од претседателската палата во Сирија.

Екстремистите со помош на терористичката организација Ал Нусра презеле контрола на 90 проценти од кампот Јармук, каде што во овој момент се заробени околу 18.000 лица претежно Палестинци.

Оваа терористичка група која што е поврзана со Ал Каеда до сега беше во сидири со ИСИС, но сега прифатила да војуваат заедно и да го нападнат главниот град на Сирија.

Инаку според наводите на странските медиуми околу бегалскиот камп се водат големи борби, бидејќи во контраофанзива тргнале силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, чија што претседателска палата се наоѓа на само пет километри од Јармук.

Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека џихадистите го нападнале кампот со барел бомби и дека во нападот загинале најмалку 25 лица.

Неодамна едно официјално лице од САД изјави дека доколку џихадистите преземат контрола над Дамаск, на удар би можело да се најде и Европа.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск