Гувернер на албанската Централна банка би можел да биде странец

Од:

За неколку дена ќе се знае името на новиот гувернер на Централна банка на Албанија, потврди претседателот Бујар Нишани за време на гостувањето во емисијата „Топ Стори” на тиранската телевизија Топ-чанел.

– Од 42 апликации кои се доставени до мене, 17 од кандидатите целосно ги исполнуваат критериумите, при што седум од нив се избрани како најпрофесионални, со иксуство во банкарскиот систем. Четворица од нив работат во банки во САД и Германија. Имиња нема да споменам се до конечниот избор, изјави Нишани.

Иако директно не се произнесе, сепак, последниот збор Нишани ќе го даде откако Парламентот ќе се изјасни по предлогот на владејачките пратеници, кои бараат да се избрише членот со кој се условува гувернерот на Централната банка на Албанија да поседува албанско држајанство.

Околу кандидатот за наследник на Ардиан Фулани несогласување имаше и меѓу Нишани и премиерот Еди Рама. Шефот на државата е категоричен тоа да биде Албанец, додека Рама настојува на оваа функција да може да дојде и странец, при што се споменуваше и името на познат аргентински економист.

Гувернерот се избира од страна на Парламентот по предлог на шефот на државата.

По големиот скандал со „исчезнувањето“ од банкарски трезор на седум милиони долари, Фуали и уште 14 други вработени во банката беа притворени. Затворскиот притвор на Фулани му беше преименуван во домашен. Според медиумите тој набрзо ќе биде осомничен и за милионски измами при спроведени тендери.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија