Европската федерација на новинари упати осуда поради новиот бран насилства врз новинари во Турција за време на извршување работни обврски во време на годишнината на протестите поради рушењата во паркот Гези.
Новинарите кои известуваа од годишнината од Гези протестите во Истанбул и Анкара повторно беа тепани, заплашувани, навредувани и физички нападнати од припадници на турската полиција, се вели во соопштение од ЕФЈ.
– Владата на Турција треба да извлече поука од своето минато дека со напади врз новинари, забрана на комуникации, заплашување и закани за бранители на човекови права никогаш нема да ја направат државата подобро место за живот, се вели во соопштението на Европската федерација на новинари.