„Репортери без граници“ бара од Ѓукановиќ да не го потпишува новиот црногорски закон за медиуми

Од:

Mеѓународната новинарска организација „Репортери без граници“ смета дека стапувањето во сила на новиот Закон за медиумиќе во Црна Гора ќе биде уште еден удар врз слободата на медиумите во земјата. Тие го повикаа црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ да не го потпишува указот за законот.

Обврската на новинарите да го откријат изворот, на барање на државниот обвинител, што е содржана во законот, би претставувало сериозно кршење на доверливоста на изворот на новинарот, оцени организацијата „Репортери без граници“.

– Доколку стапи во сила новиот Закон за медиуми, тоа ќе биде уште еден удар за слободата на медиумите во Црна Гора, која веќе е рангирана на 105 место во индексот на „Репортери без граници“. Многу е вознемирувачко тоа што се чини дека законот има политичка цел, наместо подобрување на медиумското опкружување. Ова е индицирано со фактот дека владејачкото мнозинство го одобри без генерален политички консензус (без поддршка од опозицијата) и треба да стапи на сила веднаш пред парламентарните избори закажани за 30 август, изјави шефот на одделот на „Репортери без граници“ за Европската унија и Балканот, Павол Салај.

– Затоа, претседателот на Црна Гора не треба да го потпишува законот и треба да го врати во Собранието за измени (амандмани), вели Павол Салај.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора