(ВИДЕО) ДСР: Се покажаа вистинската суета и скриените намери на Елвис Бајрам

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]
Партијата Демократски сили на Ромите го осудува вчерашниот физички напад на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам врз членот на Општинската изборна комисија, Јаше Сефер.

Тие тврдат дека зад физичкиот напад се крие намерата на Елвис Бајрам на секој начин да ја задржи градоначалничката функција.

Ние знаеме дека неговата единствена цел е да се заканува, да заплашува, да тепа, а во овој случај да не му овозможи на Јаше Сефер во извршување на своите законски обврски, со една цел да ја задржи и понатаму слатката градоначалничка фотелја, рече генералниот секретар на Демократски сили на Ромите, Сејфо Кадри.

Од партијата веруваат дека овој пат ќе се заштити личниот интегритет и суверенитет на ромската заедница, а со тоа ќе се ослободат од тортурата и валканите притисоци, уцени и закани. Тие апелираа до институциите да преземат дејства против извршеното дело и да не дозволат во иднина вакви и слични настани. Кадри додаде дека веруваат во државата, правдата и институциите.

Од партијата уверуваат дека инцидентот е пријавен во полиција од страна на Јаше Сефер, а за вчерашната тепачка се уште нема реакција од градоначалникот Бајрам.

Би можело да ве интересира

Љупчо Палевски влезе во затворот во Шутка

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Дисциплинска за полицајците кои ги туркаа новинарите

Кристијан Ландов

Решението Мијалков да биде пуштен од притвор до вечерва ќе биде пратено до „Шутка“

А1он

Приведен крадец во Шутка, украдените премети вратени на сопственикот

А1он

Тинејџер пронајден мртов во Шутка

Жарко Настоски

Млада гостиварка насила ја омажиле во Шутка, пријавила во полиција дека ја силувале

Жарко Настоски