(ВИДЕО) Ружин: Касами и Села не се важни фактори за уставните промени, САД и Брисел ќе прекршат

Од:

Не може низ призмата на еден или друг политичар да ја врзуваме судбината на државата, тоа им е јасно и на нив. Касами и Села не се најважни фактори во оваа ситуација, има позначајни влогови од нивните барања, тоа се Брисел и САД вели за А1он, Нано Ружин по повод барањата на лидерите на Беса и Алијансата за Албанците за воведување двојазничност на целата територија на Република Македонија и бришење на зборот „македонско“ од државјанството на граѓаните, а се со цел да дадат поддршка за уставните измени кои се ставени на утрешниот дневен ред во Собранието.

– Тоа се прашања за дневна политика. Она што сакаат да го направат Касами и Села е со воздушна пушка да срушат авион. Целта е да соберат што поголем број избирачи. Секогаш малите партии во слични ситуации се обидуваат да ќарат некој глас повеќе. Поголеми влогови се позициите на ЕУ и САД кои се доста важни за албанските политички партии. Како фактори тие се оние кои ќе ги прекршат сите овие дилеми. Очекувам позитивно разрешување односно прифаќање на уставните амандмани кои се условени со договорот од Преспа, вели Ружин. Тој додава дека барањата на двајцата политичари се нешто што произлегува во последен момент и е резултат на пресметки во нивните политички средини, желби и влогови.

На барањата на Села и Касами имаше и негативна реакција од осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои по изгласувањето за потребата од уставни промени делуваат во самостојна пратеничка група. Според универзитетскиот професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, за осумте пратеници најважно е да се направи она што се бара од страна на Брисел и Вашингтон, а тоа е, како што вели, успешна имплементација на договорот од Преспа.

Во однос на позициите на опозициските партии во Грција и Македонија, Ружин вели дека грчката Неа демократија исто како и ВМРО-ДПМНЕ потајно сакаат Преспанскиот договор да успее бидејќи имаат амбиции да дојдат на власт, каде нема да наидат на дополнителен терет, проблемот со името.

– Во Грција Неа демократија која е десница настојува да покаже дека не го прифаќа договорот, исто како што е случајот со ВМРО-ДПМНЕ. Но од друга страна тие се молат да помине договорот во грчкиот парламент бидејќи се надеваат дека ќе дојдат на власт и кога ќе се случи тоа сакаат да наследат што помалку потешки проблеми. И двете партии нема што да понудат. Ќе направат одлагање бидејќи ставовите на грчката опозицијата се такви што со ВМРО-ДПМНЕ никогаш не би се договориле, вели Ружин.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Нано Ружин од ЛДП и Темелко Ристески од Партијата на пензионери меѓу експертите за уставни измени

A1on

Ларсон Џеин: На политичките лидери е да одлучат за прашањето за уставните промени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошњаковски: До Собранието се предложени четири суштински промени во Уставот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Беса бара уставни измени и за правата на Албанците ако се гласа договорот со Грција

Кристијан Ландов

(Видеоинтервју) Нано Ружин: Спорот за името ќе биде решен, но голем проблем е промената на Уставот

Ана Ололовска