(ВИДЕО) Бошњаковски: До Собранието се предложени четири суштински промени во Уставот

Од:

Додавање на придавката Северна пред името Македонија во целиот текст на Уставот, измени на преамбулата на Уставот во согласност со договорот со Грција, поцврста гаранција за неповредливост на границите и територијалниот интегритет, како и грижа за Македонците и дијаспората во странство. Ова се четирите амандмани за промена на Уставот што Владата ќе ги достави до Собранието, информираше владиниот портпарол, Миле Бошњаковски по денешната вонредна седница на Владата.

Тој истакна дека за две од четирите точки, односно поцврстата гаранција за неповредливост на границите и територијалниот интегритет, како и грижа за Македонците и дијаспората во странство веќе биле направени измени во Уставот во 1992-та година.

Бошњаковски не сакаше да одговори дали Владата успеала да ги убеди оние 10 пратеници кои недостасуваат за дво-третинско мнозинство за уставни промеи, но кажа дека тие се обврзани да гласаат во согласност со волјата на граѓаните што ја искажаа на референдумот.

„Владата ќе го достави до Собранието предлогот за уставните измени. Пратениците без разлика на која партија припаѓаат имаат обврска кон граѓаните да го обезбедат патот кон ЕУ и НАТО кој води преку договорот со Грција. Од пратениците се очекува да донесат одлука во оваа насока. Народот направи важен избор“, рече Бошњаковски.

Амандманите ќе бидат доставени до уставната комисија во Собранието, со што ќе започне расправа која деловнички трае 10 дена, по што ќе биде јасно дали владејачкото мнозинство успеало да ги обезбеди 80-те пратенички гласа. Според извори од пратеничките групи ова мнозинство засега не е обезбеднено, но продолжуваат преговорите со опозициските пратеници. Од наjголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, деновиве истакнаа дека не отстапуваат од претходните ставови дека нема да поддржат промени на Уставот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски