Нано Ружин од ЛДП и Темелко Ристески од Партијата на пензионери меѓу експертите за уставни измени

Од:

Членови во работната група за уставни измени која ја формира Министерството за правда ќе бидат само предложените кандидати од владејачката коалиција. Правда по истекот на рокот ги објави сите пристигнати предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени, а до крајот на оваа недела ќе бидат соопштени експертите кои ќе ги подготвуваат уставните измени.

Предложени експерти се: Цветанка Иванова (СДСМ), Арбр Адеми (ДУИ), Ремзи Мехмеди (Алијанса на Албанците), Соња Мираковска (НСДП), Нано Ружин (ЛДП), Христа Најданов (ДОМ), Темелко Ристески (Партија на пензионери), Раметула Куќи (ДПА), Еран Куртиш (Партија за движење на Турците), Бејџан Илјас (Демократска партија на Турците).

Пристигнати предлози од институции се Александар Спасов од Кабинет на претседател на Република Северна Македонија, Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања, Шпенд Садики од Министерство за надворешни работи.

Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени, а владата е предлагач на уставните измени иако тоа според експертите е спротивно на Уставот и на Деловникот во Собранието.

Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно, најави Министерството за правда, ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека нема да подлегне на притисоците кои се прават над него и дека промена на Уставот во овој парламентарен состав нема да има, па затоа и нема да предложи претставник во работната група за уставни измени.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ изјави и дека ова е многу важна работна група и се надева дека сите политички партии ќе испратат свој претставник. Тој ги повика да учествуваат во разговорот за процесот на уставни измени, бидејќи прашањето, како што рече, „порано или подоцна ќе влезе во парламентот и политичките партии ќе треба да заземат став“.

Според него, во уставот треба да се сменат преамбулата и две точки, бидејќи се очекува покрај Бугарите да бидат вклучени уште три национални заедници.

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Османи: Уставни измени веднаш по изборите пред формирање влада

Орце Костов

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите