Федерер: Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Австралија Опен

Од:

По освојувањето на титулата во „Хопман купот“, Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ е фаворит за освојување на првиот Гренд-слем турнир за оваа година – Австралија опен.

Федерер и Бенчиќ се радуваа на титулата вчера против тимот на Германија, додека Ѓоковиќ ден претходно беше поразен во полуфиналето на турнирот во Доха.

Отвореното првенство на Австралија во тенис е на програма од 14-27. јануари, а покрај Маестро, главните фаворити за победа, како и секогаш, се Ѓоковиќ и Надал.

– Тој е (Ѓоковиќ) фаворит, без сомнение. Без разлика на она што се случи во Доха, тој имаше неверојатно добри пет или шест месеци од минатата година. Се мачеше на почетокот, но тој покажа класа и штом Новак влезе во форма, многу е тешко да биде победен, изјави Федерер.

Швајцарецот на листата на фаворити за АО 2019 го додаде и шпанскиот ас, Рафаел Надал.

– Луѓето секогаш се сомневаат, често се прашуваа дали тој некогаш ќе се врати. Но тој не заборавил да удира тениско топче. Така е и со Рафа. Кога е на 100 отсто, знаеме колку е тешко е да се победи. Штом двајцата се на 100 отсто – тие се фаворити, додаде Роџер Федерер.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал