(ВИДЕО) Славева: Кој ќе одговара за епидемијата на морбили?

Од:

„Ќе има ли одговорност и кој ќе одговара за епидемијата на морбили што ја зафати Република Македонија? Кампањите на Заев и Филипче чиј основен мотив беше дека ако граѓаните ја поддржат промената на името, со влезот во ЕУ ќе добијат поквалитетни вакцини веќе предизвикува катастрофа.

ВМРО ДПМНЕ и пред референдумот побара оставки за неодговорното однесување и лажењето, но и Заев и Филипче избегаа. Дали повторно и Заев и Филипче ќе избегаат од одговорностa за епидемијата“, праша Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерието на СДСМ нема граници. Од опозиција во 2011 година водеа кампања против вакцинирањето во ек на епидемија, а сега откако прогласија епидемија на морбили набавуваат вакцини во вредност од над 10 милиони евра и се закануваат со казни за невакцинираните.

Според СДСМ од опозиција масовното вакцинирање никогаш не се практикува во ек на епидемија, затоа што бил потребен период за да се создаде имунитет а самата вакцинација не е доволна да се спречи епидемијата. Според СДСМ од власт вакцинирањето е задолжително и e обврска за родителите. На кое СДСМ треба граѓаните да му веруваат? На она кое свесно креираше паника против вакцинирањето и придонесе за антивакциналното расположение или на ова сега?

Односот на власта кон клучни прашања за здравјето на граѓаните покажува дека тие единствено водат грижа за собирање на ситни политички поени и на ништо друго. Последица од прибирањето на ситни политички поени е и ситуацијата со епидемијата која директно е причинета од неодговорноста на СДСМ.

Обвинуваа дека вакцинацијата е бизнис идеја, а сега набавуваат вакцини за над 10 милиони евра, во ек на епидемија. Крајно лицемерие и неодговорност кон граѓаните и кон нивното здравје.

Тогаш ги убедуваа граѓаните дека вакцините се штетни, а сега им се закануваат! СДСМ менува ставови за политичките поени. Политички поени не смеат да се прават на грбот на децата!

Граѓаните секојдневно ги согледуваат лицемерието и неспособноста на оваа власт. Овие црнила мора да си заминат. Црното владеење на СДСМ ќе заврши! Ќе изгрее зората за Македонија!“, изјави Маја Славева.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ