Кина и Јапонија вознемирени поради севернокорејската нуклеарна проба

Од:

Двете земји-соседи на Северна Кореја, Кина и Јапонија изразија вознемираност поради денешната севернокорејска нуклеарна проба.

– Народна Демократска Република Кореја изврши нова нуклеарна проба и покрај противењето на меѓународната заедница. Кинеската Влада е сериозно вознемирена поради тоа, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Кина.

Во документот натаму се наведува дека Кина ја реафирмира својата поддшка на отстранувањето на нуклераното оружје од Корејскиот Полуостров и на борбата против ширењето на оружјето за масовно уништување, но во целиот текст никаде не се споменува „осуда“ на постапката на властите во Пјонгјанг.

Во соопштението се повикува Северна Кореја „да не презема никакви активности, кои би ја влошиле состојбата“ и се бара обнива на шестстраните преговори за севернокорејската нуклеарна програма.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во реакцијата на севернокорејската нуклеарна проба оцени дека таа претставува „голема опасност за безбедноста на Јапонија и сериозен предизвик за глобалната рамка за нуклеарно разоружување и за неширење на оружјето за масовно уништување“.

– Таквите потези не може да се толерираат, нагласи Абе.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња