Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска остро го осуди третиот севернокорејски нуклеарен тест, соопштија светските агенции.
Бан Ки-мун нуклеарениот тест го оцени како „јасно и сериозно прекршување на соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН“, изјави неговиот порпарол Мартин Несирски.
Генералниот секретар на ОН, исто така, изјави дека овој акт на Пјонгјанг негативно ќе се одрази врз регионалната стабилност и ќе ги поткопа напорите за неширење на нуклеарното оружје.
Северна Кореја грубо ги прекрши барањата на ОН, што со сигурност е за осуда, денеска изјави извор од руското МНР.
-Ваквото однесување на Северна Кореја, што е грубо игнорирање на барањата на Советот за безбедност на ОН и на светската заедница, не може а да не предизвика осуда, истакнува изворот.
Севернокорејската агенција КЦТА официјално потврди дека земјата изврши нуклеарна проба.
Севернокорејската нуклеарна проба се заканува да ја внесе корејската криза во нова, запаллива фаза.
Новиот државен секретар на САД Џон Кери и првите дипломати на Јапонија и на Јужна Кореја веќе го предупредија Пјонгјанг дека ќе има „сериозни последици“.
Дипломатската активност на САД и нивните сојузници се совпаднаа со големите маневри во Јапонско море, почнати од военопоморските сили на САД и Јужна Кореја со цел да се изврши пшритисок врз Северна Кореја.
Ескалацијата на нуклеарната криза крај границите на Русија ја стави Москва во тешка ситуација: таа практично нема лостови за дејствување врз Пјонгјанг, а Западот може да ја искористи кризата за да го засили своето присуство во регионот, додаде весникот „Комерсант“.
Република Кореја го осуди денеска извршениот подземен нуклеарен тест на Северна Кореја, што го окарактеризира како „неприфатлива закана за мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров и североисточна Азија, соопштија јужнокорејските медиуми.
Пјонгјанг и Вашингтон разгледаа содветни мерки за севернокорејската нуклеарна експлозија и се договорија за тесна соработка за прашањето, изјави претставник на јужнокорејското МНР по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на Северна Кореја и САД.