Хронологија на севернокорејските нуклеарни проби и на санкциите на ОН

Од:

Севернокорејските власти денеска соопштија дека ја извршиле третата нуклеарна проба. Властите во Пјонгјанг истакнаа дека подземната нуклеарна проба била успешна, без при тоа да изнесат повеќе детали.

Следи хронологија на главните нуклеарни проби и ракетни тестови на Северна Кореја, како и на санкциите воведени од Обединетите нации:

– 31 август 1998 година: Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел Таеподонг 1, но не успеа да лансира сателит во орбитата.

– 4 јули 2006: Пјонгјанг тестираше напредна ракета Таеподонг 2, но тестот беше неуспешен, јави ДПА.

– 9 октомври 2006 година – Северна Кореја ја изврши првата нуклеарна проба.

– 14 октомври 2006: Советот за безбедност на Обединетите нации воведе трговски санкции кон Северна Кореја и и забрани да извезува балистичка ракетна технологија како одговор на нуклеарната проба.

– 5 април 2009: Северна Кореја истрела ракета Унха 2 и соопшти дека со неа е лансиран сателит во орбитата, но експерти од други земји тврдеа дека не е забележан сателит.

– 25 мај 2009: Пјонгјанг ја изврши втората нуклеарна проба.

– 12 јуни 2009: Советот за безбедност воведе построги санкции, вклучувајќи и пресретнување на севернокорејските бродови.

– 13 април 2012: Северна Кореја лансираше ракета Унха 3 со голем дострел, која експлодира неколку минути откако беше истрелана.

– 12 декември 2012: Северна Кореја повторно истрела ракета Унха 3, при што овој пат лансирањето беше успешно и таа лансираше сателит во орбитата.

– 12 февруари 2013: Северна Кореја соопшти дека ја извршила третата нуклеарна проба.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња