Севернокорејските власти денеска соопштија дека извршиле успешна подземна нуклеарна проба, без да даде повеќе детали.
Потврдата од Пјонгјанг уследи откако дипломат во ОН информира дека Северна Кореја извршила нуклеарна проба и покрај „сериозното предупредување“ од нејзиниот сојузник Кина.
Тој истакна дека ова што го направи Северна Кореја претставува „вистински предизвик за Кинезите“. – Пекинг, Москва и Вашингтон ги усогласуваат ставовите веќе неколкку дена и брзо ќе се договорат дека треба цврст одговор, додаде дипломатот, кој сакал да остане анонимен.
Друг висок претставник од земја-членка на Советот за безбедност на ОН нагласи дека Советот денеска ќе одржи вонредна седница, со цел да се договори како да реагира на оваа проба, со која Пјонгјанг ги прекрши резолуциите на Светската организација.
Овој месец со Советот за безбедност претседава Јужна Кореја, чиј амбасадор во ОН пред неколку дена предупреди дека ОН ќе преземат „многу силни мерки“ како одговор на евентуална трета нуклеарна проба од страна на Пјонгјанг.
Според властите во Сеул, севернокорејската атомска бомба била со моќност од 10 килотони, која при пробата предизвикала сезимичка активност.
Кинескиот сеизмолошки центар соопшти дека во Северна Кореја е регистриан земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, кој „најверојатно е предизвикан од експлозија“.
Меѓународната агенција за атомска енергија информира дека регистрирала „необичен сеизмичка активност во Северна Кореја, со јасни карактеристики на експлозија“.
Јапонската метеоролошка служба соопшти дека регистиррала земјотрес со интензитет од 5,2 степени спред Рихтер, чиј интензитет бил во североисточниот дел на Северна Кореја. „Земјотресот“ се случил во 11:57 часот по локално време (2:57 часот по Гринич).