Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен до засилен јужен ветер.
Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 10 степени.
Од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи претежно од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат од среда кога ќе има услови и за појава на грмежи.