МТСП: Дежурни градинки ќе ги згрижат децата на 2 јануари 2019 година

Од:

Градинките згрижувањето на децата на 2 јануари 2019 година ќе го организираат во еден од објектите на установата, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

– Со оглед на тоа дека 2.01.2019 година е можно да биде работен ден за дел од приватниот сектор, а родителите да имаат потреба од згрижување на своето дете, МТСП ги информираше градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Во тој контекст, препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата, се наведува во соопштението на МТСП.

Владата на Република Македонија на седница одржана на 25 декември 2018 година, донесе одлука 2 јануари 2019 година да го определи за неработен ден за вработените во државните институции, за кој дополнително ќе се одреди кога тој ден ќе биде одработен. Истовремено од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека Владата препорачува, а не обврзува овој заклучок да важи и за приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on