Мијалков, Камчев и други осомничени од СЈО излегуваат од притвор

Од:

Орце Камчев, Сашо Мијалков и останатите осомничени за случајот „Империја“, најверојатно утре ќе излезат од притвор. Очекувањата се дека и други лица осомничени во предмети на СЈО ќе го напуштат истражниот затвор во Шуто Оризари.

Оваа информација неофицијално за „Макфакс“ ја потврдуваат од Специјалното јавно обвинителство, иако адвокатот на Камчев и Мијалков, Антонио Апостолски изјави дека досега не добил никакво известување оти неговите клиенти, ќе излезат од притвор.

Конечниот збор за тоа дали ќе излезат од притвор треба да го каже судот, од каде засега нема потврда

Камчев и Мијалков поднесоа гаранции во имот што вреди милиони евра за да излезат од истражниот затвор.

Во предметот „Империја“ истрагата опафати 13 лица. Првично притвор им беше определен на бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“, Цветан Панделески и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски. За овој случај е осомничен и Сашо Мијалков, на кој на 2 декември му беше изречена мерка притвор од 30 дена.

Покрај нив, осомничени се и Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Сите се осомничени за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

Притвор за четворица турски државјани кои нападнаа доставувач во Скопје

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Притворен е 58 годишен скопјанец – обљуби 13 годишно девојче

А1он