Ќе се гради нова градинка во Стајковци

Од:

Нова градинка со капацитет да згрижи околу 140 деца почна да се гради во село Стајковци. Градинката ќе има шест занимални за деца од две до шест години и една група јасли за деца до две години. Вредноста на проектот е во висина од 30 милиони денари, средства обезбедени од општина Гази Баба. Изградбата на градинката треба да заврши до октомври наредната година.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која присуствуваше на отпочнувањето на изградбата на градинката рече дека Владата е посветена да инвестира во младите затоа што, како што, рече само таа инвестиција во државата може да ја развие економијата до ниво сите да живееме достоинствено со достоинстевени плати.

-Токму затоа инвестираме и го зголемивме буџетот за 2019 година за инвестиција во предучилишно образование. Но, дополнително работиме на зголемување на кадарот во градинките затоа што наследивме систем во кој недостигаа 2.000 воспитувачки ни негувателни. Ние за само една година обезбедивме над 1.000 вработувања, рече Царовска, потенцирајќи дека се работи и на зголемување на квалитетот и стручноста на кадарот во градинките затоа што, според неа, тие се оние кои треба да ги подготват децата за предизвиците со кои ќе се соочуваат во животот.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека принципот на работа на Владата што го ветила пред изборите е дека секој во Македонија е подеднакво важен и оти мора да се создадат услови во сите средини подеднакво, и во урбаните и во руралните средини.

-Сакаме да понудиме можност за сите граѓани на РМ без разлика каде живеат, да имаме услови за квалитетно предучилишно образование, за квалитетно образование, култура и за спорт. Денеска праќаме порака тоа е нова шанса за сите граѓани кои живеат во овде, но и порака до цела Македонија дека посветено одговорно ќе продолжиме и натаму да работиме и создаваме, рече Спасовски.

Градоначлникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски, истакна дека со изградбата на оваа градинка родителите повеќе нема да имаат потреба да патуваат со километри за да ги носат своите деца во градинка.

Најави дека општината и натаму ќе продолжи со изградба на нови градинки во Трубарево, Синѓелиќ Керамидница и Инџиково, но и со реконструкција и проширување на други детски градинки како градинките во Јурумлери и во населбата Железара.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on