Законите за договорот за името и за употребата на јазиците ќе бидат испратени во Службен весник без потписот на Иванов

Од:

До 15 јануари ќе биде завршена постапката за уставните измени. Според искуствата од дебатите во Собранието не би требало да трае повеќе од пет-шест денови.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери вчера на средба со новинарите рече дека и најавеното неприсуство на опозицијата остава можност тоа да се заврши и порано. Седницата за уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција е закажана за 9 јануари.

Во однос на одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да ги потпише овие два закони, Џафери вели дека тој има обврска тоа да го направи, бидејќи, како што потенцира волјата на Собранието, не може да се попречи и тоа ќе се реализира. Според Џафери, законот за ратификација на договорот, заедно со оној за употребата на јазиците ќе бидат испратени во Службен весник без потписот на претседателот Иванов.

– Тоа ќе се случи кога ќе ги пратам во Службен весник. Мој потпис има. Тоа е одлука, рече претседателот на македонското Собрание.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски